Николовски: На 15 јули Истокот ќе ја донесе големата победа на СДСМ
- Носителот на листата во третата изборна единица на СДСМ и Коалицијата „Можеме“, Љупчо Николовски од вечерашната трибина во Свети Николе порача дека на 15 јули победата ќе дојде од оваа изборн

Скопје, 28 јуни 2020 (МИА) - Носителот на листата во третата изборна единица на СДСМ и Коалицијата „Можеме“, Љупчо Николовски од вечерашната трибина во Свети Николе порача дека на 15 јули победата ќе дојде од оваа изборна единица.
-Пораката што од Истокот ќе ја пратиме од овде од Свети Николе и од целиот Исток, ќе биде силна победа, победа која ќе одлучи дека идната влада ќе биде предводена од СДСМ и Коалицијата Можеме. Ќе имаме чист мандат и ќе ставиме крај на режимот што сака повторно да ја врати државата назад, рече Николовски.
Тој потенцираше дека за само две и пол години добивме одлука за почеток на преговори со ЕУ и затоа денес, во оваа кампања никој не зборува за НАТО и ЕУ, затоа што тоа е завршена работа.
-Затоа што имаме храбри политичари, со јасен став, кои не калкулираат и кои мислат на иднината на оваа земја, кои не се криеја во бели палати. А ВМРО-ДПМНЕ се криеја во скапата бела плата, направена со парите на граѓаните, ги блокираа сите процеси и на ништо убаво што и се случи на оваа земја не се израдуваа и не ги поддржаа граѓаните. Се криеја, а сега бараaт поддршка. Што може да ветат истите кандидати на Никола Груевски. Христијан Мицкоски го чува столчето на белата палата на Никола Груевски, рече Николовски.

Владата на СДСМ, рече тој, покажала дека не се борат за тендери и за бизниси, туку чесно и одговорно се бори за граѓаните.
-15 јули ќе биде убав ден за продолжување на овие политики, но ќе биде убав ден и за промени во ВМРО-ДПМНЕ. Ќе остане во опозиција и ќе има можност да се демократизира. Да ставиме крај на омразата и поделбите, рече Николовски.
Зборувајќи за јавно објавените разговори на кои се слуша лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, Николовски праша кој освен Камчев го финансира ВМРО-ДПМНЕ.
-Јавно го прашувам Христијан Мицкоски да соопшти уште кој ја финансирал ВМРО-ДПМНЕ во овие години, за целата вистина излезе на виделина. Ние се бориме со остатоците на Груевски, Мијалков и Камчев. Денеска се бориме против тие остатоци на режимот, рече Николовски.
Тој им порача на светиниколчани дека со СДСМ иднината на оваа земја е осигурана, а со ВМРО-ДПМНЕ е во опасност. ев/са/