• четврток, 19 декември 2024

Николовски: На локалните избори нема да задоволиме лични апетити, туку ќе кандидираме квалитетни кадри

Николовски: На локалните избори нема да задоволиме лични апетити, туку ќе кандидираме квалитетни кадри
Скопје, 29 април 2021 (МИА) – СДСМ ќе постави високи стандарди и критериуми, кандидатите за градоначалници и советници да може да се најдат на листата. Ќе ги одбереме најквалитетните луѓе, а не луѓе на кои ќе им ги задоволиме личните апетити, најави генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски во вечерашното гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ21. Нагласи дека ја следат работата на градоначалниците и го мерат нивниот учинок да бидат сервис на граѓаните. -Моменталниот систем што го имаме во партијата, овозможува да го анкетираме целокупното членство да каже кој е најдобриот кандидат за нив. Ќе успее интенцијата за отворени листи за локалните совети, за да ги одбереме најквалитетните луѓе, а не луѓе на кои ќе им ги задоволиме личните апетити со тоа што ќе се најдат на советничките листи, рече Николовски. Одлуката на Радмила Шеќеринска да не се кандидира повторно за заменик-претседателка на СДСМ, Николовски ја оцени како лична. -Ова е период во кој што имаме само избран претседател на партијата, сите други органи на некој начин се во оставка, рече Николовски, посочувајќи дека сите партиски функции ќе бидат избрани на Конгресот на 16 мај по изборот на Централниот одбор на партијата. аа/бак/

Остани поврзан