• петок, 22 ноември 2024

Николовски: Внатрешната контрола во Царинската управа е тековна дејност

Николовски: Внатрешната контрола во  Царинската управа е тековна дејност

Скопје, 17 октомври 2024 (МИА) – Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, денеска истакна дека внатрешните контроли во рамки на службата се тековни активности, дека тоа е секојдневна работа на Царинската управа.

- Внатрешната контрола е тековна работа. Од како сме дојдени како ново раководство на Управата од 1 јули оваа година, само во текот на месец август се покренати 18 дисципински постапки, што значи дека Секторот за внатрешна контрола во Управата функционира, рече тој.

Николовски додаде дека неодамнешните активности и апсењата во рамки на Царинската управа се спроведени од страна на МВР по налог на Јавното обвинителство.

- Бидете убедени дека новото раководство многу внимание посветува на внатрешната контрола. Управата е обемна институција со 1200 вработени, со многу внатрешни испостави и многу гранични премини. Насоката е дадена, редот, работата и дисциплината се единствените критериуми според кои ќе се цени, за се друго ќе има санкционирање како што и се случи, рече Николовски. аб/нд/

Фото: Принтскрин

Остани поврзан