• вторник, 19 ноември 2024

Николовски: Владата го усвои новиот закон за вино, со гарантирана откупна цена и креирани две нови мерки за поддршка на лозарите

Николовски: Владата го усвои новиот закон за вино, со гарантирана откупна цена и креирани две нови мерки за поддршка на лозарите

14 ноември 2023

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски вечерва гостуваше во Дневникот на Македонската радио телевизија.

На денешната владина седница, по предлог на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата го прифати новиот закон за вино, истакна министерот Николовски.

„Овој нов предлог закон за вино е на страна на лозарите и решава уште еден проблем на лозарите, а тоа е откупната цена. Па така со новиот закон за вино, за првпат, се утврдува постапка која треба да ја пресмета производната цена на винско грозје по килограм, најдоцна до 15 јули во тековната година и тоа за најмалку две најзастапени сорти. Пресметката на трошоците за производство на килограм винско грозје на определена површина и соодветен квалитет, согласно дадена методологија, предвидено е да ја врши високо образовна или научна институција од областа во земјоделството“, истакна во своето гостување во Дневникот на МТВ министерот Николовски.

Новиот закон за вино во целост е усогласен со европските прописи, истакна министерот Николовски, и додаде дека заедно со донесената десетгодишна Национална стратегија за развој на винарството и лозарството 2023-2033, придносесува во поголем развој на овие два значајни сектори, поголема сигурност за лозарите и уште повисоко позиционирање на македонското вино на светската винска мапа.

Министерот Николовски истакна дека денеска подсекторската група за вино и грозје донесе одлука со која се креираат две мерки за поддршка на лозаропроизводителите од последиците кои лозарите ги имаа оваа сезона по лозовите насади како последица од појавата на болести.  

„Уште при бербата во разговорите со лозарите дадов збор дека ниту еден лозар нема да биде оставен сам. Над 4 милиони евра ставаме на располгање како дополнителна поддршка за лозарите преку две мерки за поддршка. Првата мерка е 12.000 денари по хектар за произведено винско и за прв пат трпезно грозје и втората е дополнителни 1 денар поддршка по килограм предадено винско грозје“, истакна министерот Николовски.

Преку новиот модел за субвеницонирање, лозарите до крајот на оваа година ќе добијат исплата на 30% или 12.000 денари авнсна исплата на субвецниите за 2023 година. Додека остатокот од 28.000 денари, ќе им се доисплати во февруари, традиционално како и секоја година за празникот Св. Трифун кога ќе бидат исплатени и овие 12.000 денари по хектар дополнителна поддршка од претрпени штети по лозовите насади. Дополнителната мерка пак од 1 денар по килограм предадено винско грозје ќе биде исплатена на лозарите откако целосно ќе биде завршена исплатата на основните директни плаќања.

МЗШВ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан