• недела, 24 август 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Николовски: Американските царини од 15 отсто не се конечни, можеме да одиме до 10 проценти, ќе се знае до крајот на септември

Николовски: Американските царини од 15 отсто не се конечни, можеме да одиме до 10 проценти, ќе се знае до крајот на септември

Скопје, 1 август 2025 (МИА) - Американските царини од 15 отсто не се конечни, продолжуваме да преговараме. Преговорите ќе бидат интензивирани во втората половина на август, кога ќе завршат летните одмори. До крајот на септември ќе видиме која стапка ќе биде дефинирана, а според Министерството за финансии можеме да одиме до 10 проценти, рече денеска директорот на Царинската управа, Бобан Николовски.

Како што истакна Николовски на прес-конференција, Македонија согласно сегашните 15 отсто царини е на ниво на цела ЕУ, додека во Швајцарија, на пример, стапката е 39 отсто.

Drejtoria Doganore në korrik të këtij viti ka realizuar pagesën më të lartë mujore të të ardhurave, gjithsej 12 miliardë e 641 milionë denarë ose 205,54 milionë euro. Siç njoftoi sot drejtori

- Не се конечни тие 15 проценти. Апсолутно бидете убедени дека ова е успех на нашата Влада која во комуникација и перманентни разговори и преговори со администрацијата на претседателот Трамп успеа од 33 да ги спушти на 15 отсто царините, но ова не е конечен договор. Преговорите траат и ќе траат, а ќе бидат поинтензивирани во втората половина на август кога ќе се завршат летните одмори. Министерството за финансии е убедено дека можеме да одиме уште подолу, со стапка кај 10 отсто. Продолжуваме да преговараме, јас сум убеден дека квалитетни луѓе преговараат и ќе видиме до крајот на септември која стапка ќе бдие дефинирана, но за тоа ќе излезат официјално владини претставници и ќе кажат, истакна директорот на Царинската управа.

Со новата извршна наредба што синоќа ја потпиша американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини за речиси сите земји кои досега немаат трговски договор со САД, царинската стапка за Македонија од претходните 33 е намалена на 15 проценти. Царина од 15 отсто САД ќе имаат и со Европската унија, со која склучија трговски договор на 27 јули. Од земјите во регионот, со царинска стапка од 15 проценти ќе бидат и Хрватска и Словенија, производите од Србија ќе се царинат со 35, од Босна и Херцеговина со 30, а најниска царина ќе има Црна Гора 10 отсто. мч/са/

фото: МИА

Остани поврзан