• понеделник, 23 декември 2024

Николова: ВМРО ДПМНЕ прави штета, поради нивните блокади државата загуби 100 милиони евра од ЕБОР

Николова: ВМРО ДПМНЕ прави штета, поради нивните блокади државата загуби 100 милиони евра од ЕБОР
Скопје, 5 ноември 2022
Почитувани,
Со месеци пратениците на ВМРО-ДПМНЕ по налог на Христијан Мицкоски го блокираа законското решение со кое од Европската банка за обнова и развој требаше да се обезбедат 100 милиони евра за поддршка на АД ЕСМ и полесно справување со последиците од енергетската криза.
По неколкумесечни блокади ЕБОР ги повлече средствата бидејќи тие веќе не можеле да бидат замрзнати и ги пренаменила за други држави.
Овие средства беа предвидени за ЕСМ да го зголеми производството и да обезбеди дополнителни количини електрична енергија, како и за сервисирање на долгот, но и снабдување со основните суровини како јаглен и мазут, заради непречено снабдување со електрична енергија на домашните корисници.
Заради деструктивноста на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ државата, граѓаните останаа без 100 милиони евра помош и тоа во време на криза, кога тешко во светот тешко се доаѓа до заеми и друг вид на финансиска помош.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски бесрамно лажеа дека услов за овој заем било затворањето на РЕК Битола и РЕК Осломеј.
Не е првпат државата финансиски да биде оштетена од страна на ВМРО-ДПМНЕ, слично беше и со заемот од Светска банка за време на кризата со коронавирусот, кога тогашаната заменик министерка за финансии Гордана Кочовска Димитриевска со месеци не го потпишуваше заемот.
Како ниту една опозиција во светот, ВМРО-ДПМНЕ во ек на најголема светска економска и енергетска криза дејствува на штета на граѓаните и државата.
Тоа е срамен и неодговорен пристап, а судот за таквото однесување на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ на крајот ќе го дадат граѓаните.

Даниела Николова, пратеничка на СДСМ
___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан