Во рудник во Нигерија истече токсичен гас, 37 лица го загубија животот
- Истече токсичен гас во рудник во Нигерија, при што животот го загубија 37 лица, а 26 се хоспитализирани, соопшти полицијата.
Абуџа, 19 февруари 2026 (МИА) - Во рудник во Нигерија истече токсичен гас, при што животот го загубија 37 лица, а 26 се хоспитализирани, соопшти полицијата.
Прелиминарната истрага покажа дека дошло до ненадејно ослободување оловен оксид и други придружни гасови, како што се сулфур и јаглероден моноксид, кои се токсични за луѓето, особено во затворен или недоволно проветрен простор, информираат од полицијата.
Нигериската влада го затвори рудникот, а истрагата е во тек. Рударите, според министерот за развој на цврсти минерали, Деле Алаке, не биле свесни за токсичната природа на испарувањата и продолжиле да работат. рп/сд/
Фото: ЕПА