• петок, 05 декември 2025

Нивото на водата во Охридското Езеро 17 сантиметри под октомврискиот просек

Нивото на водата во Охридското Езеро 17 сантиметри под октомврискиот просек

Охрид, 28 октомври 2025 (МИА) – Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на котата 693.14 метри надморска височина, што е 17 сантиметри под просекот за месец октомври.

Последните мерења на водостојот спроведени од Управата за хидрометеоролошки работи покажуваат дека изминатата седмица нема позначајни промени на нивото на водата во езерото, односно дека тоа е на четири сантиметри над дозволениот минимум утврден на котата 693,1 метри надморска височина.

Температурата на водата денеска изнесува 14,5 степени Целзиусови што е околу два степена под октомврискиот просек. аб/вг/

фото/МИА

 

Остани поврзан