• петок, 22 ноември 2024

Не се регистрирани нови случаи на мајмунски сипаници во Грција

Не се регистрирани нови случаи на мајмунски сипаници во Грција
Атина, 13 октомври 2022 (МИА) – Во изминатата седмица не се регистрирани нови случаи на мајмунски сипаници во Грција, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), со што вкупниот број на потврдени случаи останува 82, јави дописничката на МИА од Атина. Од регистрираните случаи во изминатите месеци, сите се кај мажи на просечна возраст од 36 години, односно од 19 до 61 година, а 23 од заразените (28 отсто) пријавиле патување во странство во периодот на инкубација на болеста. Од ЕОДИ соопштија дека случаите веќе оздравеле или оздравуваат во генерално добра клиничка состојба. Додаваат дека поради малиот број нови случаи, извештите, наместо на неделно, ќе бидат на месечно ниво. Првиот случај на мајмунски сипаници во Грција беше регистриран на почетокот на јуни годинава. ср/зш/

Остани поврзан