• четврток, 26 март 2026

„Не се очекуваат понатамошни дејствија во Венецуела“ - му кажал Рубио на републиканскиот сенатор Ли

„Не се очекуваат понатамошни дејствија во Венецуела“ - му кажал Рубио на републиканскиот сенатор Ли

Вашингтон, 3 јануари 2026 (МИА) - Републиканскиот сенатор Мајк Ли од Јута изјави дека американскиот државен секретар Марко Рубио му рекол оти „не се очекуваат понатамошни дејствија во Венецуела сега кога Мадуро е под надзор на САД“.

Во објава на X, Ли напиша дека разговарал со Рубио по телефон. Тој истакна дека му било кажано оти Мадуро е уапесен за да се соочи со кривични обвиненија во САД и дека акцијата што била преземена е според издадената потерница по претседателот на Венецуела.

Републиканскиот сенатор вели дека Рубио му рекол дека „не се очекуваат понатамошни дејствија во Венецуела“.са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан