• вторник, 14 мај 2024

Не сакајќи си го откри неверството, па го дозна цела интернет-заедница

Не сакајќи си го откри неверството, па го дозна цела интернет-заедница
Лос Анџелес, 10 ноември 2020 (МИА) - Девојка од САД, сосем случајно откри дека момчето ја изневерува, па потоа, тоа го дозна и цела интернет-заедница. Сидни Кинш тоа го осознала кога добила самослик од „фраерот“, каде што тој носи очила за сонце. На очилата јасно се гледа одраз на туѓи женски нозе дигнати и потпрени на прозорецот кај совозачкото седиште. Момчето се правдало дека таа му е девојка на другар му, но Сидни вели оти открила дека тој има уште најмалку пет други девојки. Објавата на Тик-ток околу тоа доби два милиона прегледи и 200.000 допаѓања. Како што нагласуваат повеќе коментари, понекогаш, т.е. многу често, валканата тајна не останува тајна. си/сд/

Остани поврзан