• недела, 22 декември 2024

Нејмар утре се враќа на теренот по едномесечна пауза 

Нејмар утре се враќа на теренот по едномесечна пауза 
Париз, 12 јануари 2021 (МИА) – Напаѓачот на Пари Сен-Жермен (ПСЖ) Нејмар, по едномесечна пауза поради повреда, е подготвен да се врати на теренот и ќе биде во комбинација за настап на утрешниот натпревар против Олимпик Марсеј во рамки на францускиот Суперкуп. Информацијата, како што јавија вечерва локалните медиуми, ја потврди тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино на прес – конференција во Париз. -Нејмар е подготвен за настап и е меѓу повиканите фудбалери. Утре пред самиот меч ќе одлучам дали ќе биде во почетниот состав или ќе чека шанса од клупата за резервни фудбалери, изјави Покетино. Евентуален триумф на утрешниот меч против Олимпик Марсеј на аргентинскиот стратег ќе му го донесе првиот трофеј како тренер на ПСЖ, откако на почетокот на оваа година седна на клупата на актуелниот француски првак на местото на Томас Тухел. ег/

Остани поврзан