Нејмар се враќа на тренинзите по кинење на тетивата
- Бразилскиот фудбалер и член на Ал Хилал, Нејмар, почна да тренира по закрепнување од повредата, објави саудискиот клуб на социјалните мрежи.
Ријад, 16 декември 2024 (МИА) – Бразилскиот фудбалер и член на Ал Хилал, Нејмар, почна да тренира по закрепнување од повредата, објави саудискиот клуб на социјалните мрежи.
На 4 ноември, 32-годишниот Нејмар се здоби со кинење на тетивата во натпревар од Лигата на шампионите во Азија со Естеглал (3:0) и беше надвор од терените.
Пред ова, Бразилецот една година се опоравуваше од повредата на вкрстените лигаменти на коленото и скинат менискус, по што учествуваше на само два натпревари и повторно се повреди.
Претходно се појави информација дека Ал Хилал ја разгледува можноста да го раскине договорот со бразилскиот напаѓач.
Нејмар се пресели во клубот од Саудиска Арабија од ПСЖ во летото 2023 година. Францускиот клуб доби 90 милиони евра за трансферот на играчот. зс/
Фото: ЕПА