• недела, 09 март 2025

Нејмар: Сега ни треба поддршка повеќе од кога било

Нејмар: Сега ни треба поддршка повеќе од кога било

Сантос, 6 февруари 2025 (МИА) – Фудбалерот на Сантос, Нејмар, им се обрати на навивачите по натпреварот од 7. коло на шампионатот на Сао Паоло со Ботафого (1:1).

-Колку и да беше лош резултатот, денес беше посебен ден. Ви благодарам за љубовта и поддршката до самиот крај. Сега повеќе од кога било, ни треба поддршката од нашите навивачи. Затоа што со вас сме посилни! Многу сум среќен што се вратив и ќе дадам се од себе затоа што треба да го однесам Сантос таму каде што заслужува да биде – до врвот! Заедно сме непобедливи, верувајте ни! – напиша играчот на социјалната мрежа.

Нејмар влезе на теренот на почетокот на вториот дел. Тоа беше негов прв натпревар по враќањето во бразилскиот клуб.

На 31 јануари, Сантос го објави враќањето на својот млад играч, кој го раскина договорот со Ал-Хилал.

Нејмар играше за Сантос од 2009 до 2013 година. За клубот одигра 225 натпревари, постигнувајќи 136 гола и 64 асистенции. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан