• вторник, 19 ноември 2024

Нејмар повторно тренира по едногодишна пауза

Нејмар повторно тренира по едногодишна пауза


Ријад, 30 септември 2024 (МИА) – Бразилскиот напаѓач Нејмар се врати на колективните тренинзи на саудискиот фудбалски клуб Ал Хилал, по речиси една година пауза поради тешката повреда на левото колено.
Триесетидвегодишниот бразилски фудбалер му се приклучи на Ал-Хилал во август 2023 година од ПСЖ, но ги повреди вкрстените лигаменти и менискусот на 17 октомври на квалификацискиот натпревар за Светското првенство 2026 меѓу Бразил и Уругвај.
„Среќен сум што се вратив“, напиша Нејмар на португалски на својот Инстаграм профил каде објави фотографии од тренингот со соиграчите.
Нејмар почна со индивидуални тренинзи во јули.
Неговото официјално враќање „зависи од неговата техничка подготовка и одлуката на тренерот“, изјави претставник на Ал Хилал. ег

ФОТО: Фејсбук

 

Остани поврзан