• понеделник, 20 јануари 2025

Нехамер: Австрија го разгледува статусот на сириските бегалци, илјада евра за враќање дома

Нехамер: Австрија го разгледува статусот на сириските бегалци, илјада евра за враќање дома

Виена, 20 декември 2024 (МИА) - Австрија го разгледува статусот на сириските бегалци кои пристигнаа во земјата пред помалку од пет години, изјави австрискиот канцелар Карл Нехамер, по извештаите во медиумите дека некои бегалци биле информирани писмено дека „повеќе не мора да се плашат од политички прогон“ во Сирија.

„Австрија...сега го разгледува исполнувањето на условите за Сиријците кои се во земјата помалку од пет години“, објави Нехамер на платформата X.

Австрискиот закон им дозволува на властите да го одземат статусот на бегалец во некои случаи, во рок од пет години од неговото доделување.

Нехамер и неговата привремена влада појаснија дека фокусот првично ќе биде ставен на доброволните депортации, при што на оние кои доброволно ќе се јават да се вратат во Сирија ќе им бидат понудени 1.000 евра.

Австрија е меѓу десетиците европски земји кои ја прекинаа обработката на сириските барања за азил по падот на Асад. паг/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан