• понеделник, 23 декември 2024

Нефункционалноста на стручно тело причина децата со попреченост од Тетовско да не добиваат државна парична помош

Нефункционалноста на стручно тело причина децата со попреченост од Тетовско да не добиваат државна парична помош

Тетово, 13 октомври 2023 (МИА) - Голем број семејства од Тетовско со месеци не можат да добијат термин во стручно тело кое дава наод за попреченост кај деца, по што се лишени од основата да остварат право за добивање надоместок. Станува збор за износи како посебен додаток за деца до 26 години со попреченост од само 7000 денари месечно.

- Моето дете има церебрална парализа. Кога го направивме последниот наод во 2021 ни беше одредено дека во август 2023 треба да го носам детето повторно да се направи функционална процена за да добијам наод и мислење кое ни треба за да може да продолжиме да го примаме тој надоместок од само 7046 денари. Два месеци пред истекување на важноста на стариот наод, во јуни добив известување од Меѓуопштинскиот центар за социјални работи во Тетово дека треба да се јавам во Стручното тело за функционална процена во Гостивар. Од тогаш барам на телефон и лично таму, и никако не добивам одговор од тоа тело, за термин. Бидејќи немам нов наод, сега од август не добивам надоместок. Иако се малку пари, за нас се многу важни, само сопругот во семејството работи, јас морам да се грижам за детето, вели за МИА, мајка на 17 годишно момче со церебрална парализа.

За децата и возрасните лица со попреченост од тетовскиот регион кои можат да добијат државна парична помош определено е наод да дава Регионалното стручно тело за функционална процена со седиште во Гостивар. Од Регионалното стручно тело признаваат дека не се во состојба да издаваат наоди, со образложение дека тоа е поради неекипираност, а издавањето наоди го најавуваат за наредниот месец.

- Регионалното стручно тело моментално е во административна процедура за решавање на статусот на вработените-членовите на стручниот тим. Процедурата е при крај и се очекува во текот на наредниот месец да се нормализира целата работа, така што со решавање на статусот ќе бидат повикани сите деца на процена за да ги остварат сите права што законски им следуваа, одговорија од Регионалното стручно тело за функционална процена Гостивар во допис по електронска пошта.

Овие регионални тела ги формираше Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори при Министерството за здравство. Регионалните стручни тела за функционална процена треба да ги има во десетина градови и да покриваат пошироки региони со повеќе градови. Треба да има дефектолог, социолог, психолог и лекар. ас/цр

фото: МИА архива 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан