• недела, 22 декември 2024

Нетфликс се повлекува од Русија

Нетфликс се повлекува од Русија
Њујорк, 6 март 2022 (МИА) -  Нетфликс денеска соопшти дека засега ќе престане да ја продава и обезбедува својата видео услуга за стриминг во Русија. „Со оглед на околностите на теренот, решивме да ја прекинеме нашата услуга во Русија“, се вели во соопштението на компанијата. Компанијата не прецизираше што ќе се случи со постоечките претплатнички сметки или кога ќе го преиспита ова прашање. Нетфликс и другите големи компании од светот на забавата ја избегнуваа Русија на различни начини во изминатата недела и половина. Нетфликс ги стави во мирување продукциите во Русија по почетокот на војната во Украина. Големите холивудски студија ги одложија и новите филмски изданија во земјата. ссм/

Остани поврзан