• петок, 10 мај 2024

Нетанјаху: Хамас одби гориво за болницата Ал Шифа

Нетанјаху: Хамас одби гориво за болницата Ал Шифа

Тел Авив, 12 ноември 2023 (МИА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел и понудил гориво на болницата Ал Шифа во Газа, за да може да продолжи со работа, но дека милитантите ја одбиле понудата.

- Синоќа им понудивме доволно гориво за работа на болницата, работа на инкубаторот и слично, бидејќи не водиме битка со пациенти или цивили, рече Нетанјаху.

Израелската армија соопшти дека е подготвена да ги евакуира бебињата од Ал Шифа денеска, но палестинските власти предупредија дека има повеќе луѓе заробени. Досега починаа три бебиња, а загрозени се уште десетици поради прекинот на струја во болницата.

– Само што понудивме на Ал Шифа болничко гориво, тие го одбија, одговори Нетанјаху на прашањето дали Израел има план да доставува гориво во Газа за напојување на болниците.

Хамас, додаде тој, се крие во болниците и се позиционира таму, тие не сакаат гориво за болницата... тие сакаат да добијат гориво за да го однесат од болниците до нивните тунели, до нивната воена машина.

Хамас ги негира израелските обвинувања дека има командни пунктови под Ал Шифа и други болници во Газа. рп/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан