• четврток, 19 декември 2024

Нетанјаху: Секоја интервенција на Врховниот суд во судските реформи претставува опасност за Израел

Нетанјаху: Секоја интервенција на Врховниот суд во судските реформи претставува опасност за Израел

Ерусалим, 28 јули 2023 (МИА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во интервју за Си-Ен-Ен предупреди дека Израел ќе влезе во „непознати води“ доколку Врховниот суд се обиде да го поништи новиот закон, одземајќи го правото на врховните судии да ги блокираат владините одлуки, јави ДПА.

„Станува збор за ситуација или можна ситуација која, ако треба да ја објаснам со американски концепт, ќе изгледа како Врховниот суд на САД да преземе еден од амандманите во американскиот устав и да го откаже. Се надевам дека нема да стигнеме до таму“, рече Нетанјаху.

Тој не прецизираше дали неговата влада ќе ја почитува одлуката на судот во случај Врховниот суд на Израел да одлучи да го поништи спорниот правен текст.

Религиозната десничарска влада на Израел го обвинува судството дека врши преголемо влијание врз политичките одлуки и затоа сака да ги намали овластувањата на судот. Законот, усвоен како дел од предложената судска реформа на Нетанјаху, го одзема правото на врховните судии да ги поништуваат одлуките на владата или одделни министри со образложение дека тие се „правно неосновани“. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан