• среда, 25 декември 2024

Нетанјаху: Плановите на ИДФ за операцијата Рафа ќе бидат поднесени во кабинетот на одобрување следната недела

Нетанјаху: Плановите на ИДФ за операцијата Рафа ќе бидат поднесени во кабинетот на одобрување следната недела

Тел Авив, 24 февруари 2024 (МИА) – Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека владата ќе се состане следната недела за да ги одобри плановите на безбедносните сили (ИДФ) за Рафа, вклучително и евакуација на цивили од областа.

Овој потег доаѓа во време на тековните преговори за заложниците со Хамас, јави Тајмс оф Израел.

- Работиме на постигнување друга рамка за ослободување на нашите заложници, како и завршување на елиминацијата на баталјоните на Хамас во Рафа, рече Нетанјаху.

- Затоа испратив делегација во Париз и вечерва ќе разговараме за следните чекори во преговорите, изјави тој.

Нетанјаху додаде дека „само комбинација од воен притисок и наметливи преговори ќе доведат до ослободување на заложниците, елиминација на Хамас и постигнување на сите цели на војната“. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан