• недела, 22 декември 2024

Нетанјаху најави дека ги одложува судските реформи со цел да се постигне широк консензус

Нетанјаху најави дека ги одложува судските реформи со цел да се постигне широк консензус
   
   

Ерусалим, 27 март 2023 (МИА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва изјави дека ќе ја одложи својата клучна судска реформа до следната парламентарна седница.

„Воден од желбата да се спречи поделбата на нацијата, решив да го одложам второто и третото читање (на предлог-законот) за да може да се постигне широк консензус“, рече Нетанјаху во телевизиско обраќање.

На обраќањето на Нетанјаху му претходеше еден од најголемите улични протести во историјата на еврејската држава. паг/

 

Остани поврзан