• среда, 25 март 2026

Нетанјаху нареди силни удари врз Газа по прекршување на примирјето

Нетанјаху нареди силни удари врз Газа по прекршување на примирјето

Тел Авив, 28 октомври 2025 (МИА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ѝ нареди на армијата да изведе силни напади во Појасот Газа, откако ја обвини организацијата Хамас дека го прекршила примирјето постигнато со посредство на САД.

„По безбедносни консултации, премиерот Нетанјаху им нареди на воените сили веднаш да нанесат силни удари во Појасот Газа“, се наведува во соопштение од неговиот кабинет.

Изјавата беше објавена откако Израел соопшти дека борци на Хамас отвориле оган врз израелски војници во јужниот дел на Газа. Инцидентот се случи во услови на зголемена напнатост, откако Хамас предаде ковчег кој, според Израел, содржел само делови од веќе вратено тело на заложник. ссм/

фото: архива

Остани поврзан