• четврток, 21 ноември 2024

Нетанјаху ги отфрли критиките од Бајден, вели дека е поддржан од огромно мнозинство Израелци

Нетанјаху ги отфрли критиките од Бајден, вели дека е поддржан од огромно мнозинство Израелци

Ерусалим, 11 март 2024 (МИА) -  Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера ја отфрли критиката на американскиот претседател Џо Бајден за израелската воена офанзива во Газа и кажа дека е поддржан од огромното мнозинство Израелци. 

Во врска со коментарите на американскиот претседател, израелскиот премиер кажа дека „ако со тоа сакал да каже дека спроведувам приватна политика против мнозинството, желбите на мнозинството Израелци, и дека тоа им штети на интересите на Израел, тогаш не е во право“.

Нетанјаху ова го кажа во интервју за „Билд„, „Велт ТВ“ и „Политико“, сите во сопственост на берлинската компанија „Аксел Спрингер“, во неговата официјална резиденција во Ерусалим. 

Интервјуто доаѓа додека се зголемуваат тензиите меѓу САД и Израел, два историски блиски сојузници.

Нетанјаху направи „голема грешка“ што не направи доволно за да ги заштити цивилите, изјави Бајден во саботата за американската телевизија Ем-Ес-Ен-Би-Си (MSNBC)  и овој неуспех „му прави повеќе штета отколку корист на Израел“.

-Тој има право да го брани Израел, право да продолжи да го прогонува Хамас, рече Бајден за Нетанјаху. „Но, додаде, тој мора, мора, мора да посвети повеќе внимание на невините животи кои се изгубени како резултат на дејствијата што ги презел. Тој, според мене, повеќе му штети отколку што му помага на Израел... тоа е спротивно на тоа за што Израел се залага. И мислам дека е тоа голема грешка“, изјави американскиот претседател.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан