• сабота, 23 ноември 2024

Несекојдневна глетка кон поларната светлина над северниот Атлантик

Несекојдневна глетка кон поларната светлина над северниот Атлантик

Манчестер, 1 март 2023 (МИА) - Патниците кои се најдоа на летот од Рејкјавик, Исланд, до Манчестер, Велика Британија, синоќа имале несекојдневна можност да ја видат поларната светлина. Спектакуларните слики и снимки го преплавија интернет-просторот, а сѐ тоа, благодарение на пилотот што го сврте авионот „во место“ за 360 степени.

Имено, половина час по полетувањето, пилотот на „Изиџет“ го направи маневарот, за да може необичната глетка да се види од обете страни, а авионскиот персонал ги затемни светлата во кабината за да го направи искуството комплетно. Но, се чини, тие знаеле за среќната вест меѓу патниците...

Адам, еден од туристите, се враќал од романтично патување со својата девојка, каде што и ја запросил. Но, поради облачното време, не успеале да ја видат поларната светлина на Исланд.

- Отидов таму за да ја побарам мојата девојка за време на поларната светлина. Така што, големо изненадување е што сепак успеавме да ја видиме во авионот, рече тој, додавајќи дека пилотот го направил овој потег за патниците десно во авионот, каде што седеле и свршениците.

И други пилоти го следеа примерот на својот колега од британската авиокомпанија. си/рп/

Остани поврзан