• понеделник, 25 ноември 2024

Непознати лица од Украина му упатиле смртни закани на шефот на унгарската дипломатија

Непознати лица од Украина му упатиле смртни закани на шефот на унгарската дипломатија

Брисел, 23 јануари 2024 (МИА) - Непознати лица од Украина упатија смртни закани до унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарти, пред неговото патување во Ужхород, на средба со неговиот украински голега, Дмитро Кулеба.

И покрај тоа, Сијарто на новинарите во Брисел им кажа дека има намера да разговара со својот украински колега како што е планирано на 29 јануари. 

Сијарто изјави дека добил смртни закани од украински извори преку унгарската амбасада во Киев. 

Тој оцени дека целта на заканата е да се фрли сенка на неговата средба со Кулеба, која беше планирана за следниот понеделник и да се спречи таа да се одржи, пренесуваат агенциите.

-Украинските власти дадоа гаранции дека безбедносните мерки ќе бидат засилени за да се осигура дека средбата може да се одржи, рече Сијарто. 

Се очекува на разговорот меѓу Сијарто и Кулеба да присуствува и шефот на кабинет на украинскиот претседател, Андреј Јермак. 

Една од темите ќе биде и подготовката на средбата меѓу унгарскиот премиер Виктор Орбан и украинскиот претседател Володимир Зеленски. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан