Нема опасност од излевање на Брегалница во градот Штип
- Нема опасност од излевање на реката Брегалница на подрачјето на Штип. Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов вели дека ситуацијата не е алармантна и се следи будно водостојот, со што доколку дојде до евентуално излевање на реката ќе се реагира навремено.
Штип, 27 ноември 2025 (МИА) - Нема опасност од излевање на реката Брегалница на подрачјето на Штип. Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов вели дека ситуацијата не е алармантна и се следи будно водостојот, со што доколку дојде до евентуално излевање на реката ќе се реагира навремено.
-Во координација сме со сите релевантни чинители, институции, но и јавните претпријатија кои највеќе би биле на висина на задачата доколку има потреба од евентуално интервенирање, по однос на коритото и спречување од евентуални излевања на водата на река Брегалница. Кризниот штаб сега за сега не заседава по однос на водосостојбата на река Брегалница од причина што не е алармантна. Доколку има било каква потреба за интервенција, заседавање на кризен штаб, секако дека Општина Штип ќе одговори на она кое е наша обврска и сега за сега можам да кажам дека граѓаните не треба да бидат загрижени затоа што редовно и будно се следи водосостојбата на река Брегалница, изјави Јорданов.
Реката Брегалница при зголемен водостој се излева од коритото кај населбите Осми Номеври и Ново Село. Опасност од нејзино излевање имаше во 2021 година поради зголемениот водостој и врнежите од дожд. вдј/мд/
Фото: МИА