• вторник, 03 декември 2024

Нема кривична истрага по оштетувањето на телекомуникацискиот кабел што ги поврзува Финска и Шведска

Нема кривична истрага по оштетувањето на телекомуникацискиот кабел што ги поврзува Финска и Шведска

Хелсинки, 3 декември 2024 (МИА) – Финската полиција ги отфрли медиумските извештаи кои сугерираат дека е поведена кривична истрага по оштетување на телекомуникацискиот кабел што ги поврзува Финска и Шведска.

Полицијата соопшти дека „утврдува што се случило, заедно со другите власти“.

И финскиот оператор Елиса исто така ги демантираше медиумите. Шефот за безбедност на компанијата, Јако Валениус изјави дека копач случајно го пресекол кабелот во Вихти.

Но, Валениус не соопшти детали за штетите во Еспо.

Претходно, дел од шведските медиуми објавија дека оптичкиот кабел бил оштетен на две места на територијата на Финска - во Еспо во близина на Хелсинки и во Вихти.

Во ноември, за краток временски период беа оштетени два оптички кабли во Балтичкото Море односно кабелот што ги поврзува Шведска и Литванија и Шведска и Германија. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан