• петок, 05 декември 2025

Нела Манческа со „Miracle“ ќе нѐ претставува на детската „Евровизија“

Нела Манческа со „Miracle“ ќе нѐ претставува на детската „Евровизија“

Скопје, 7 ноември 2025 (МИА) - „Македонската радио телевизија“ ја претстави песната „Miracle“, во изведба на Нела Манческа, што ќе настапи на овогодинешното издание на „Јуниорскиот евросонг“.

Како што информираат од тимот на Манческа, песната е создадена од Лазар Цветкоски - музика и Магдалена Цветкоска - текст.

-„Miracle“ не е само песна - тоа е чувство. Таа раскажува приказна за храброст, надеж и верба во себе - за моментот кога ја пронаоѓаме сопствената светлина дури и во најтемните мигови. Со својот емотивен вокал и искрена интерпретација, младата Нела Манческа ја оживува пораката дека секое дете, секој човек, има сила да засвети и да остави свој траг. Видеоспотот, во режија на Огнен Шапковски, преку кинематографски кадри и топли златни тонови, го претставува патувањето од нежност до сјај - создавајќи моќна визуелна симболика на пораката што ја носи песната, пишува во соопштението.

На 13 декември во Тбилиси, Грузија, Манческа ќе настапи десетта по ред. бд/ац/

Фото: Соопштение

Остани поврзан