• вторник, 25 јуни 2024

Неколку скопски општини утре без струја

Неколку скопски општини утре без струја
Скопје, 19 август 2021 (МИА) - Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Сарај, Кисела Вода, Арачиново и Илинден, соопштуваат од РЦУК - Скопје. Во периодот од 08:30 до 10:00 часот без напојување со електична енергија ќе останат корисниците од селата Горно и Долно Свиларе, Општина Сарај. Во периодот од 08:30 до 13:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „Димитрие Чуповски“, „Методија Патчев“ бр.34, 36, 38 и 40, Општина Кисела Вода. Во периодот од 09:00 до 11:00 часот без струја ќе бидат корисниците од селата Бујковци, Ајватовци, Бучинци, Бунарџик и Мршевци, Општина Илинден, како и корисниците од село Грушино, Општина Арачиново. Во периодот од 11:00 до 13:00 часот без напојување со електична енергија ќе остане објектот на фабриката „Кемет Електроникс“, Општина Илинден. фф/бак/

Остани поврзан