• петок, 22 ноември 2024

Неколку насукани китови ќе мора да бидат успиени

Неколку насукани китови ќе мора да бидат успиени
Сиднеј, ,24 септември 2020 (МИА) - Неколку китови кои го преживеаја масовното насукување на Тасманија ќе бидат еутаназирани бидејќи не можат да бидат извлечени, соопштија австралиските спасувачи. Според нив четири китови се многу исцрпени за да можат да преживеат, па мора да бидат успиени, бидејќи тоа е најхуманата работа што може да се направи. Спасувачите во вода пуштија околу 70 китови, а најверојатно уште 20 ќе бидат вратени во море. Во Австралија веќе угинаа околу 380 китови. Се уште не е одлучено што ќе прават со телата на угинатите китови, дали ќе ги остават или закопаат на плажата, ќе бидат фрлени на депонија или во море. ми/

Остани поврзан