• четврток, 19 декември 2024

Некои од најморничавите, мистично-застрашувачки места на Земјата

Некои од најморничавите, мистично-застрашувачки места на Земјата

Лос Анџелес, 19 јули 2022 (МИА) - Има места во светот коишто нѐ привлекуваат, но и нѐ заплашуваат во истовреме. Луѓето таму често се губат, животните се однесуваат необично, па се верува дека на такви места се појавуваат и духови...

Научниците нудат различни теории, но ниту една од нив не е конечно докажана... Следат пет морничави, мистично-застрашувачки локации. 1. „Долината на мртвиот“ во Канада Кон крајот на 19. век тука било пронајдено злато, па следела своевидна „златна треска“, кога многу луѓе се упатиле таму за да си ја пробаат среќата. Но, во 1898 година, шест ловци на злато исчезнаа во оваа „Долината на мртвиот“. Седум години подоцна, и двајца браќа Меклеодс и нивниот другар исто така исчезнаа. По три години, луѓето случајно пронашле девет обезглавени човечки тела. Мистериозните исчезнувања и толкувања продолжуваат до ден-денес. Домородците веруваат дека за тие смртни случаи се виновни Сасквачи - човековидни влакнести суштества, чиишто стапки наводно се пронајдени во Долината... Најверојатното објаснување, пак, вели, тоа е дело на група насилници. Надлежните тогаш не пронашле ништо. https://www.youtube.com/watch?v=VyucaZcIcoU 2. Долина на паднатите птици, Индија Во последните денови од летото, во планинската долина Јатинга, Индија, се случуваат чудни работи... На полноќ, се случува, „замаени“ птици во јато кружат толку ниско што луѓето ги фаќаат со стап. Некои птици паѓаат на земја и не се ни обидуваат да избегаат од оној што ги зема... Мештаните на долината веруваат дека боговите ги даруваат за нивниот праведен живот - со овој лесен плен. Научници, пак, велат дека птиците се зашеметени од совпаѓањето на неколку фактори - младата месечина, ветерот и темнината. Така, може да се претпостави дека тоа е последица на некаква геомагнетна аномалија во оваа област што причинува птиците да паѓаат. 3. Долина на смртта, САД Тука, името не е поврзано со исчезнување луѓе или стока. Името е измислено за време на американската „Златна треска“ во Калифорнија. Во оваа долина,  најсвојствени се камењата налик поплочена калдрма и оние камења кои „се движат“... Тоа е геолошки феномен. Според научниците, камењата се движат поради падот на температурата зиме, ветрот, квалитетот на земјата, па дури и поради климатските промени. Денес, камењата се движат помалку - веројатно, поради глобалното затоплување. 4. „Мртвото езеро“ Кајнди во Казахстан На прв поглед, ова езеро може да изгледа сосема вообичаено, но тоа се одликува со тоа што останува ладно и во најтоплите денови. Нема живот во ова езеро - ниту риби, ни инсекти. А, луѓе често се дават таму. Најморничаво е што труповите не излегуваат на површина, туку стојат простум на дното. А, дури ни професионалните нуркачи не можат да бидат под вода тука подолго од пет минути. Тие доживуваат недостаток на кислород дури и ако имаат доволно во боцата со воздух. Постојат две објаснувања за тоа... Водата е богата со бактерии кои создаваат смрдеа - дури и мали делови од агенсот влијаат на умот на човекот. Уште повеќе, на дното на езерото има пукнатина и оттаму излегуваа отровен гас кој ги убива сите живи суштества во оваа неистечна вода. Така, поподробно испитување на ова езеро, не е возможно. IMG 9366-Kaindy.jpg 5. Шумската област Аокигахара, Јапонија Се работи за шума наречена „Сина ливада со дрвја“, којашто се простира на 30 квадратни километри и вирее на стврдната лава од ерупција на вулкан-планината Фуџи на островот Хоншу во Јапонија. Во оваа шума, денес, годишно се наоѓаат околу 70-100 трупови на луѓе кои извбршиле самоубиство. За нив се вели дека намерно доаѓаат во оваа шумска област со намера да стават крај на својот живот, но има и преданија коишто велат дека шумата „ги убедува“ луѓето да го сторат тоа. На влезот во шумата е поставен знак на кој пишува „Твојот живот е најскапоценото нешто што го имаш, коешто си го добил од твоите родители. Размисли и за твоето семејство. Не обидувајте се да го преживеете ова сами“. На натписот има и телефон за психолошка поддршка. Друго објаснување вели оти оние што го губат патот во шумата, се соочуваат со неподнослива вознемиреност и депресија. Единствената проверлива информација за шумата е дека компасите не работат во подножјето на планината Фуџи. Тука има магнетна аномалија која веројатно влијае на ориентацијата и перцепцијата на луѓето.  си/

Остани поврзан