• петок, 05 декември 2025

Неизвесен настапот на Алкараз на Дејвис купот

Неизвесен настапот на Алкараз на Дејвис купот

Мадрид, 17. ноември 2025 (МИА) – Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз за време на финалето на Завршниот Мастерс се мачеше со повреда. Од таа причина неизвесен е неговиот настап на завршницата од Дејвис купот.

Тој во еден момент од финалето побара и лекарска помош.

-  Ќе патувам во Болоња и таму ќе биде донесена одлука за настап, односно ќе видам дали ќе можам да играм. Ќе направам напори се да се рехабилитирам и да го дадам мојот максимум, изјави Алкатраз.

Шпанија за противник го има четвртиот носител Чешка, а мечот се игра на 20. ноември (четврток). мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан