Независниот кандидат Митревски најави Општински центар за економски развој и инвестиции во Македонска Каменица
- Миран Митревски, независен кандидат за градоначалник на Општина Македонска Каменица, најави дека доколку биде избран, ќе формира Општински центар за економски развој и инвестиции. Центарот ќе биде клучна врска помеѓу општината, домашните и странските инвеститори и локалниот бизнис сектор.
Македонска Каменица, 13 октомври 2025 (МИА) - Миран Митревски, независен кандидат за градоначалник на Општина Македонска Каменица, најави дека доколку биде избран, ќе формира Општински центар за економски развој и инвестиции. Центарот ќе биде клучна врска помеѓу општината, домашните и странските инвеститори и локалниот бизнис сектор.
Кандидатот верува дека со оваа мерка ќе се создадат услови за отворање на нови компании и повеќе од 100 нови работни места. Македонска Каменица со тоа според него ќе се позиционира како регионален центар на можности, иновации и економски раст.
Митревски најави мерки кои ќе ја поддржат локалната економија вклучувајќи намалување на фирмарината за микро и мали компании субвенции за зачувување на традиционалните занаети ослободување од фирмарина за новоотворени фирми во првите две години и поттикнување на јавно-приватни партнерства за инфраструктурен и економски развој.
Тој истакна дека општината ќе обезбеди логистичка и административна помош за инвеститори кои ќе отворат компании до 100 нови работни места во индустриската зона и порача дека со развојот на бизнисот се гради економски силна и стабилна Македонска Каменица
-Македонска Каменица е нашиот дом нашата гордост и нашата иднина. Да продолжиме заедно да ја чуваме да ја градиме и да ја сакаме“ порача Митревски кој на изборите настапува под реден број 61. вс/
Фото: Миран Митревски