• петок, 22 ноември 2024

Незаборавен сценски спектакл во Белград со двата најпознати македонски бренда- Влатко Стефановски и „Танец“

Незаборавен сценски спектакл во Белград со двата најпознати македонски бренда- Влатко Стефановски и „Танец“
Белград, 25 септември 2022 (МИА) - Двата најпознати македонски музички бренда, угледниот гитарист Влатко Стефановски и националниот фолклорен ансамбл на Северна Македонија „Танец“, синоќа во Коларчевата задужбина во Белград, пред преполна сала направија незаборавен сценски спектакл, јави дописникот на МИА од Белград. -Првиот ваков заеднички настап го имавме минатата есен во Скопје, после тоа следеа вакви концерти во Охрид, во Битола, фестивалот ЛЕНТ во Марибор во Словенија. Ваквиот настап значи есенција и е најдоброто што можете да го чуете од Северна Македонија. Јас ги пратам „Танец“ уште како дете и верувам дека членовите на „Танец“ ме пратат и мене и мојот музички пат, така што се сретнавме заедно на мое огромно задоволство, а верувам и на задоволсто на публиката, изјави Влатко Стефановски пред одржување на концертот во Белград. Како што оцени, покрај спортот од ова подобра презентација во странство за Северна Македонија нема. На концертот пред преполната сала можеа да се слушнат интересни комбинации на традиционални нумери од богатиот фолклор на македонската музика, вокали, инструментални нумери и импровизации, со нивна фузија и свртување кон џез музиката. -Ова е многу добра и исклучителна можност, луѓето од Белград и од поранешните југословенски републики да го доживеат овој проект со Влатко Стефановски, затоа што и „Танец“, самиот по себе и Влатко, самиот по себе, преставуваат еден бисер на македонската култура и задно тие значат многу и за целиот Балкан, со самото тоа што го докажуваат со преполнетите сали, изјави Мартин Вучиќ, директор на „Танец“. Специјално за овој проект за народниот оркестар на „Танец“, но во малку помодерен дух се направени специјални аранжмани од врвниот македонски инструменталист и автор Дамир Имери. Влатко Стефановски и „Танец“ со фузијата во еден интересен инструментален и вокален спој ги изведоа антологиските ора „Пелистерско“, „Касапско оро“, „Ситна лиса“, „Поступано“, „Калајџско“, „Пајдушко“ и незаборавните мелодии „Елена, ќерко“, „Јано, мори, севдалино“, кои наидоа на одличен прием кај белградската публика и незаборавен спекктакл и презентација на македонската музика и култура.об/мд/

Остани поврзан