• вторник, 12 ноември 2024

Нееднаквоста во достапноста на вакцините тема на сесијата на Генералното собрание на ОН

Нееднаквоста во достапноста на вакцините тема на сесијата на Генералното собрание на ОН

Њујорк, 20 септември 2021 (МИА) - Соединетите Американски Држави стравуваат дека годишниот состанок на светските лидери во Обединетите нации, кој започнува денеска, може да предизвика ширење на Ковид-19, а настанот ќе биде можност во фокусот да се стави нееднаквоста во глобалната достапност на вакцините против коронавирус, додека развиените земји почнуваат да дистрибуираат вакцини за трета доза.

Се очекува многу претседатели, премиери и министри за надворешни работи да ја игнорираат препораката на американските власти да останат дома и да се обратат на Генералното собрание на ОН, бидејќи повеќето од нив ќе дојдат во Њујорк, пренесува Си-Ен-Ен.
Можноста делегациите кои пристигнуваат да претставуваат закана по здравјето и потенцијална причина за ширење на пандемијата ќе биде важен потсетник дека нациите како САД и големите европски сили продолжија да вакцинираат десетици милиони свои граѓани, додека помалите и посиромашните земји кои немаат своја фармацевтска индустрија не беа во можност да обезбедат или да направат сопствени вакцини. Светската здравствена организација минатата недела објави дека повеќе од 5,7 милијарди дози од вакцината се дадени на глобално ниво, но дека 73 проценти од тие дози се дистрибуирани во само 10 земји. паг/    

Остани поврзан