• среда, 17 декември 2025

Неделковски: Вардар нема проблем Седлоски да биде селектор и да го води нашиот тим

Неделковски: Вардар нема проблем Седлоски да биде селектор и да го води нашиот тим

Скопје, 17 декември 2025 (МИА) - Извршниот директор на Вардар, Миленко Неделковски навести дека Гоце Седлоски наскоро може да биде нов селектор на македонската фудбалска репрезентација.

- Гоце Седлоски е и ќе остане тренер на Вардар следниот период. Тој има договор со Вардар и ќе го води во евро-куповите. Но, Вардар нема проблем Седлоски да биде и селектор на репрезентацијата, но тоа е работа на ФФМ дали ќе го назначи. Има такви примери кои се и тренери и селектори, изјави директорот на Вардар.

Со доаѓањето на Неделковски и неговите соработници на чело на клубот, најтрофејниот македонски фудбалски клуб почна финансиски да се стабилизира, сметката на „црвен-црните“ е деблокирана и клубот е на вистинскиот пат да го врати некогашното реноме.

Вардар по првиот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига е лидер на табелата со 42 бода од 16 натпревари. зс/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан