• петок, 15 ноември 2024

„Недела на дарување“ од децата од градинката за децата во болницата во Куманово

„Недела на дарување“ од децата од градинката за децата во болницата во Куманово

Куманово, 28 декември 2023 (МИА) - Дечињата од градинката „Ангел Шајче“, вработените и родителите донираа пакетчиња, играчки за нивните другарчиња кои празниците ќе ги поминат на детското одделение во кумановската општа болница. Претставници од градинката денеска ги однесоа подароците и остварија традиционална средба со надлежните од болницата.
- Последната недела во тековната година ја насловивме „Недела на дарување“ и последна акција која се реализира во болницата е именувана „Да даруваме и сите да се радуваме“. Активноста е реализирана на работилници, подаривме играчки за нашите другари од детскиот оддел. Им посакуваме да оздрават и да си одат дома, изјави директорката на градинката, Марина Алексовска.

На овој начин појаснува уште од најрана возраст се поттикнува емпатијата, најважните вредности, благодарноста, дарежливоста, срдечноста и љубезноста. Дечињата се едуцираат преку вакви активности да не бидат себични и да покажат емпатија и да подарат играчки на непознати дечиња.

Директорката на болницата, Биљана Ивановска се заблагодари на надлежните кои ја реализираа новогодишната акција.

- Како општество треба да се фокусираме на децата од најрана возраст да развиваме солидарност и емпатија. Очекувам да продолжиме со соработката помеѓу двете установи. И ние бевме гости кај нив за време на неделата на децата. Се надевам на идна успешна соработка, изјави Ивановска. ам/ир


Фото: МИА

Остани поврзан