• вторник, 14 мај 2024

Неготино со забава в понеделник ќе го одбележи почетокот на новата учебна година

Неготино со забава в понеделник ќе го одбележи почетокот на новата учебна година

Неготино, 2 септември 2023 (МИА) - Општина Неготино организира голема забава по повод почетокот на новата учебна година, в понеделник од 19 часот, на градскиот плоштад. Од Службата за информирање на јавноста при неготинската локална самоуправа, денеска соопштија дека забавата е за сите генерации. 

-  Многу забава, музика, слатки изненадувања, другарување и весела атмосфера ќе ги очекува сите кои во понеделник ќе присуствуваат на градскиот плоштад, на забавата што општината Неготино ја организира со поддршка од основните училишта и Јавното оретпријатие ,,Паркинзи". Секоја нова учебна година е нов предизвик за нашите млади, кои ја претставуваат нашата иднина, наведуваат од Секторот за информирање при локалната самоуправа. свд/вг/


Фото : МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан