• недела, 21 јули 2024

Неготино распиша конкурс за доделување на општинските награди 

Неготино распиша конкурс за доделување на општинските награди 
Неготино, 7 октомври 2022 (МИА) - Општина Неготино распиша конкурс за доделување на општинските награди 8 Ноември, во чест на одбележувањето на денот на градот, информираше денеска неготинскиот градоначалник Горан Стојанов. Предлозите може да се доставуваат до 21 октомври.
-До архивата на локалната самоуправа може да се доставуваат предлози со кандидати за добитници на наградата, признанијата и признанието почесен граѓанин на Неготино по повод празникот 8 Ноември. Признанијата се доделуваат секоја година, како израз на највисоко општинско признание, што се доделува за посебни постигнувања во одредени области на поединци и институции од општината, појасни градоначалникот.
Наградата и признанијата по повод 8 Ноември се доделуваат на поединци, претпријатија и други организации, установи, здруженија на граѓани и заедници чии дела, односно резултати во работењето и дејствувањето, придонесле за нивна лична и афирмација на општина Неготино.
-Право на поднесување на кандидатури за добитници на наградата и признанијата имаат сите заинтересирани граѓани, претпријатија, установи, здруженија, месни заедници и групи граѓани, на посебен формулар кој можат да го подигнат во архивата на ОН или да го симнат од општинската веб страница. Пристигнатите предлози најпрво ги разгледува Комисијата за награди и признанија при општинскиот совет, конечната одлука за добитниците ја донесуваат советниците во Советот на општина Неготино, а наградите и признанијата на добитниците ќе им се доделат на свечената седница која ќе се одржи во вторник на 8 Ноември - денот на ослободувањето на нашиот град, соопшти Стојанов. свд/дма/

Остани поврзан