• петок, 05 декември 2025

Неготинка пријавила физички напад од скопјанец со кого била во врска

Неготинка пријавила физички напад од скопјанец со кого била во врска

Неготино, 2 август 2025 (МИА) - Неготинка пријавила во полиција дека била физички нападната од скопјанец со кого била во врска, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.  

- Вчера попладне во 16:30 часот, во Полициската станица - Неготино, 32-годишна неготинчанка, пријавила дека, во нејзиниот дом пред два дена била физички нападната од Б.Д. од Скопје, со кого била во интимна врска. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР - Велес. 

Синоќа во 19:50 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР,  привеле 44 - годишник од градот, затоа што агресивно се однесувал кон нив додека извршувале службени задачи. По документирање на настанот, против него ќе била поднесена соодветна пријава. 

- Синоќа во 21:45 часот во село Криволак, неготинско, полициски службеници од ОВР - Неготино, лишија од слобода 46 - годишник од селото, по претходна пријава од 40-годишна мајка, дека физички го нападнал нејзиниот малолетен син. Пријавениот бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР - Велес. 

Оттаму соопштија дека рано утрово во 2:10 часот, во село Војшанци, неготинско, полициски службеници од ОВР - Неготино, привеле 21 - годишник од Неготино, затоа што агресивно се однесувал кон нив додека извршувале службени задачи. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе била поднесена соодветна пријава. свд/бд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан