Неготинец приведен поради сомнеж за криумчарење мигранти
- Неготинец бил лишен од слобода поради сомнеж за криумчарење мигранти, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи.
Неготино, 20 мај 2025 (МИА) - Неготинец бил лишен од слобода поради сомнеж за криумчарење мигранти, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи.
- По преземени мерки и активности, вчера во 12.00 часот, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица го лишија од слобода Б.П.(22) од Неготино, кој беше баран по централен распис поради сомнение за сторени кривични дела „криумчарење мигранти“ и „фалсификување исправа“. Имено, тој се сомничи дека е инвилвиран во настанот од 12 мај, во близина на Граничен премин Богородица, при што во близина на патничко возило „ауди“ со швајцарски национални ознаки, кои припаѓаат на друго возило, беа пронајдени четири женски лица мигранти од Кина, од кои едната во бессознание, појаснија од МВР.
Оттаму додадоа дека претходно, во врска со овој настан, Регионалниот центар за гранични работи Југ поднел кривична пријава против Ј.К.(25) од Неготино, кој беше лишен од слобода на 13 мај, по што судија на претходна постапка му определи мерка домашен притвор во траење од 30 дена. свд/