• недела, 22 декември 2024

Невреме со грмотевици во Германија, десетмина повредени во удар на гром, четворица во тешка состојба

Невреме со грмотевици во Германија, десетмина повредени во удар на гром, четворица во тешка состојба

Дрезден, 21 мај 2024 (МИА) - Десет лица се повредени, од кои четворица се во тешка состојба при удар на гром вчера попладне во Дрезден.

Гром удри во група луѓе на брегот на реката Елба. Станува збор за три жени и седум мажи на возраст од 26 до 41 година.

Четворица од нив се здобиле со повреди опасни по живот и се пренесени во болница.

Делови од сојузната покраина Саксонија вчера беа погодени од силна бура. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан