• четврток, 16 мај 2024

Невреме го зафати Сараево, упатено предупредување до граѓаните на БИХ за да се подготват за евентуални поплави

Невреме го зафати Сараево, упатено предупредување до граѓаните на БИХ за да се подготват за евентуални поплави

Сараево, 23 септември 2023 (МИА) - Силно невреме денеска го зафати Сараево каде сообраќајот е отежнат поради обилните врнежи, а многу улици се под вода.

Дождот предизвика сообраќаен колапс и во Илиџа, каде околу кружниот тек се создаде голема гужва, пренесе Срна.

Агенцијата за водено подрачје на реката Сава упати итно предупредување до правните и физичките лица во Федерацијата Босна и Херцеговина со цел да се подготват за превенција од евентуални поплави кои се очекуваат од денеска до понеделник, 25 септември. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан