Невремето откорна дрвја и попречи патишта во Кривопаланечко
- Невремето проследено со силен ветар и обилен дожд што попладнево го зафати кривопаланечкиот крај предизвика штети и откорна дрвја што го попречија сообраќајот на повеќе локални патни правци и

Крива Паланка, 25 јуни 2022 (МИА) - Невремето проследено со силен ветар и обилен дожд што попладнево го зафати кривопаланечкиот крај предизвика штети и откорна дрвја што го попречија сообраќајот на повеќе локални патни правци и на магистералниот пат А2, Куманово - Крива Паланка - граничен премин со Република Бугарија, Деве Баир.
Благодарение на одличната соработка и координација на локалната самоуправа, Територијалната противпожарна единица, екипите на Македонија пат и јавното претпријатие "Комуналец", паднатите дрвја експедитивно се отстранети.

-Невремето предизвика штети и откорна дрвја што го попречија сообраќајот на повеќе локални патни правци, на новиот пат кон манастирот Св.Јоаким Осоговски и на магистералниот пат А2 на неколку места, но навремената реакција на итните служби и јавните претпријатија од општината придонесоа за брза санација на штетите од невремето, кое беше со силен интензитет, рече градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски кој беше дел од акцијата и активно учествуваше во расчистувањето и отстранување на настаните штети.

Градоначалникот Митовски при тоа им честиташе и им се заблагодари на сите служби кои се во приправност и се грижат за безбедноста, за здравјето и за овозможување непречено одвивање на секојдневниот живот на жителите на Крива Паланка. ид/вг/