Невремето од Хрватска ја погоди Бања Лука и во северна Србија
- Невреме пропратено со дожд, силен ветер и грмежи денеска по 19 часот ја зафати Бања Лука. Силниот ветер искорна дрвја во центарот на градот

Бања Лука, 21 јули 2023 (МИА) – Невреме пропратено со дожд, силен ветер и грмежи денеска по 19 часот ја зафати Бања Лука. Силниот ветер искорна дрвја во центарот на градот.
Силно невреме ги зафати Поткожарје, како и општините Градишка, Србац и Лакташе, а град падна и во општина Нови Град.
Невремето од Италија преку Словенија и Хрватска ги погоди северозападните делови на Босна и Херцеговина.
И српските градови Сомбор и Суботица вечерва се погодени од обилен дожд, грмотевици и силен ветер.
Невремето од Хрватска ја погоди Бања Лука и во северна Србија. ми/
фото: МИА архива