• петок, 05 јули 2024

Невремето во Европа усмрти најмалку пет лица

Невремето во Европа усмрти најмалку пет лица
Берлин, 10 февруари 2020 (МИА) - Најмалку пет лица загинаа во невремето што погоди делови а Европа, предизвика прекин во електроснабдувањето, а доведе и до нарушување на железничкиот, бродскиот и авиосообраќајот ширум континентот. Две жени, мајка и ќерка загинаа во Полска откако бурата урна покрив на објект за изнајмување на скии во Буковина Татразанска, што се наоѓа на границата со Словачка. Еден човек загина, а друг се води како исчезнат откако ветерот преврти рибарски чамец во езерото Феген, северозападна Шведска. Потрагата по исчезнатиот рибар продолжува. Невремето во Шведска предизвика и прекин на електричната енергија, како и на железничкиот и фериботскиот сообраќај. Во Словенија и во јужниот дел на Англија загинаа по еден човек откако врз нивните автомобили падна дрво. Бурата Сабине што денеска пристигна од Германија во Чешка остави без електрична енергија околу 100.000 луѓе. Соопштија чешките оператори на националните енергетски мрежи ЧЕЗ и Е.ОН. Најголем прекин на електричната енергија има во централниот дел на Чешка, каде околу 37.000 луѓе се без струја. На голем број места во дефект се далеководите, а еден возач е повреден откако врз неговиот автомобил паднало дрво. Силниот ветер на планините достигна брзина од 180 километри на час. Во Велика Британија поради невремето 20.000 домаќинства се без електрична енергија. Во земјата се уште во сила се 110 предупредувања од поплави, а жителите во северозападна Англија се евакуирани поради излевање на реката Ирвел. Во шкотскиот град Хауик бистро и куќа со апартмани се урнаа во реката Тевиот. Во инцидентот никој не е повреден. Поради обилните дождови и силниот ветер британската сообраќајна мрежа е во прекин односно голем број летови, бродски и железнички линии се откажани или одложени. И Франција беше зафатена од бурата, а метеоролозите предупредуваат дека ветерот на Корзика би можел да достигне и брзина до 200 километри на час. Поради невремето од парискиот аеродром „Вацлав Хавел“ анулира седум летови до дестинации во Западна Европа. Силниот ветер преврти камион на патот што ги поврзува Белгија и Франција. Додека полските власти денеска соопштија дека ураганот Киара предизвикал голема материјална штета. Повеќе од 55.000 луѓе се без електрична енергија, а пожарникарите до шест часот примиле 1.100 повици поради инцидент предизвикани од силниот ветер. Оштетени се 15 станбени згради и три стопански објекти. Ветерот носеше покриви и корнеше дрвја. Поради ураганот Киара во Полска во прекин е железничкиот и авиосообраќајот. epa08208569 Waves hit a diving board on the shore of Lake Geneva, in Lutry, Switzerland, 10 February 2020, during storm Ciara. Severe warnings have been issued for Western and Northern Europe as storm Ciara -- also known as Sabine in Germany and Switzerland, and Elsa in Norway -- is bringing strong winds and heavy rains causing disruption of land and air traffic. Winter storm Ciara reached Switzerland last night.  EPA-EFE/LAURENT GILLIERON Силниот ветер предизвика проблеми во електроснабдувањето и во западниот дел на Литванија. Привремено беше во прекин и бродскиот сообраќај од пристаништето Клајпеда, каде брзината на ветрот достигна до 33 метри во секунда. Поради невремето во поединечни германски региони затворени се училиштата, а неколку луѓе се повредени. Откажани се голем број летови, а во прекин е и железничкиот сообраќај. Метеоролошките служби предупредуваат и на високо ниво на морето на брегот на Данска, Норвешка, Шведска и Финска. ми/

Остани поврзан