• петок, 02 јануари 2026

Невработеноста во Грција во ноември намалена на 8,2 отсто

Невработеноста во Грција во ноември намалена на 8,2 отсто

Атина, 2 јануари 2026 (МИА) – Стапката на невработеност во Грција во ноември 2025 година се намалила на 8,2 отсто, наспроти 9,7 проценти во истиот месец една година претходно и 8,6 отсто во октомври 2025 година, според податоците од Грчката служба за статистика, јави дописничката на МИА од Атина.

Бројот на невработени изнесува 395.436 лица, што претставува намалување од 62.458 лица во споредба со ноември 2024 година.

Стапката на невработеност кај жените е 10,6 отсто од 12,3 проценти една година претходно, а кај мажите на 6,3 од 7,5 отсто.

Во однос на старосните групи, невработеноста се намалила од 21,2 на 16,6 проценти кај лицата меѓу 15 и 24 години, а кај групата од 25-74 години изнесува 7,7 отсто од 9 проценти во ноември 2024 година. ср/јт/

Фото: Архива МИА

Остани поврзан