• сабота, 11 мај 2024

Невладини организации: Состојбата во Газа е апокалиптична

Невладини организации: Состојбата во Газа е апокалиптична

Париз, 8 декември 2023 (МИА) - „Спасете ги децата“ и другите меѓународни невладини организации денеска предупредија на „апокалиптичната“ ситуација во Појасот Газа по 60-дневната израелска опсада.

Невладините организации наведуваат дека сега оние кои го преживеале бомбардирањето се во непосредна опасност да умрат од глад или болест.

-Децата и семејствата талкаат по улиците на она што не е израмнето, без храна, немаат каде да одат и ништо да преживеат, рече на брифинг со новинарите Александра Саие од организацијата „Спасете ги децата“.

Шајна Лоу од Норвешкиот совет за бегалци рече дека нема безбедно место во Газа, дека повеќе од половина од становите се оштетени или уништени, а 1,9 милиони жители од вкупно 2,4 милиони се раселени поради војната.

Стотици илјади цивили избегаа од разурнатиот север на малата енклава за да се засолнат на југ. Меѓутоа, таму се интензивираат и израелските воени операции.

Башра Калиди од Оксфам ја опиша ситуацијата во Газа како апокалиптична и ги осуди ограничувањата на Израел за хуманитарните конвои кои пристигнуваат преку граничниот премин Рафа од Египет.

Светската програма за храна на крајот на ноември предупреди дека ризикот од глад за жителите на Газа, особено децата и жените, е многу висок.

Во исто време, првиот човек на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, на платформата „Х“ ги спомна болестите кои ја зафаќаат територијата, поради „пренаселеноста, недостатокот на вода, санитарни услови и основна хигиена“.

Повеќе од 100 илјади жители страдаат од акутни респираторни проблеми, 75 илјади од дијареа, други од шуга... мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан