Небензја ја напушти седницата на СБ на ОН на која говореше Шмит за ситуацијата во БиХ
- Во Советот за безбедност на Обединети нации почна дебата за состојбата во Босна и Херцеговина, при што извештај поднесе високиот претставник во БиХ, Кристијан Шмит
Њујорк, 6 мај 2025 (МИА) – Во Советот за безбедност на Обединети нации почна дебата за состојбата во Босна и Херцеговина, при што извештај поднесе високиот претставник во БиХ, Кристијан Шмит.
На почетокот од седницата, рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензја побара Шмит да не се обраќа пред СБ на ОН, бидејќи не е потврдено неговото именување.
Небензја истакна дека Шмит е нелегален и оти нема да ги слуша неговите пристрасни идеи и ја напушти седницата.
Шмит истакна дека БиХ се соочува со најголемата политичка криза од потпишувањето на Дејтонскиот договор, а одговорна за настаната ситуација е Република Српска. Тој додаде дека нема опасност од војна.
Пред СБ на ОН ќе се обрати и претседателката на Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ, која ќе го презентира извештајот на Владата на РС, во кој се наведува дека најголемиот виновник за кризата во БиХ е токму високиот претставник Кристијан Шмит, кој си даде законодавна функција, наметнувајќи закони. ми/
фото: ЕПА